Јанчев најави нови инвестиции во Општа болница Кавадарци и нови вработувања во Итна помош

Објавено: 31 март, 2026, во 12:19 часот

На последната седница на Совет на Општина Кавадарци, градоначалникот Митко Јанчев, соопшти дека во Општа болница Кавадарци ќе се изведе проект за отворање на втора операциона сала за која ќе се обезбеди комплетна нова медицинска опрема. Салата ќе биде дел од Хирушкото одделение кое ќе добие и простор за Интензивна нега. Исто така за потребите од брзи и квалитетни услуги на пациентите во Кавадарци ќе биде набавен нов дигитален Рендген.

Откако минатата година беа обезбедени две нови амбулантни возила, Градоначалникот, констатираше дека Општа болница Кавадарци располага со доволен број на здравствен персонал.

Сепак, во план се и нови 35 вработувања во Службата за Итна помош која работи во рамките на Општата болница. Според Јанчев, новите вработувања ќе се реализираат во месец мај, годинава.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.