Јанчев: Втор мандат и поддршката од ВМРО-ДПМНЕ ќе значат продолжување на развојот на Кавадарци

Објавено на 30 август, 2021 во 17:05

„ Изминатите четири години со напорна работа и целосна посветеност кон развојот на нашата општина, успеавме Kавадарци да биде најуспешна општина, Кавадарци да биде на прво место“ изјави попладнево кандидатот за градоначалник на Кавадарци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен градоначалник, Митко Јанчев.

Тој искажа благодарност до граѓаните и неговата матична партија за укажаната доверба.Нагласи дека сите реализирани проекти и проектите кои се во тек на реализација сведочат за едно безбедно, модерно, урбанизирано и убаво Кавадарци.

„За мене , нашето Кавадарци отсекогаш беше и е на прво место, но во изминатите четири години Кавадарци го привлече целото внимание во целата наша држава. Продолжуваме понатаму со истиот континуитет“ рече Јанчев и додаде дека во изминативе четири години, најголемата поддршка ја добивал од граѓаните, а тоа му давало енергија да работи уште повеќе.

„Вториот мандат и кандидатура од ВМРО-ДПМНЕ ќе значи продолжување на динамичната тенденција на развој на Општина Кавадарци како атрактивно место за живеење, стекнување на образование, развој на претприемништвото, како модел за добро и ефикасно управување, заснован врз традиционалните општествени вредности но и на иновативност.   Уште еден мандат ќе значи реализација на уште една визија, континуитет на отпочнатите проекти и имплементација на нови идеи.  Голема благодарност до мојата матична партија ВМРО-ДПМНЕ за дадената поддршка и уште поголема благодарност до вас почитувани сограѓани за довербата во изминатите 4 години и  вашата поддршка за понатамошни заеднички успеси за Кавадарци на прво место“ истакна кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Кавадарци.

Ангел Данов

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.