Кандидат за полагање возачки испит и се заканувал на Испитна комисија
Објавено: 29 јануари, 2025, во 17:22 часот
Полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес, вчера претпладне, во 10:10 часот го лишиле од слобода А.К.(21) од село Бузалково, велешко, постапувајќи по претходна пријава дека, поради незадоволство од резултат од полагање на возачки испит, се заканувал на Д.Р.(62) од Прилеп, претседател на испитна комисија и на М.К. од Кавадарци, испитувач во испитниот центар.
– А.К. бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.
Стефани Манева

