Кавадарчанец осуден на 15 години казна затвор

Објавено на 20 септември, 2022 во 09:44

Триесет и девет годишниот М.Ј од Кавадарци е осуден на 15 години казна затвор за сторени повеќе кривични дела по член 131, член 237 и член 396 од Кривичниот законик. Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје, вчера, во 18:00 часот го лишеле од слобода на улица „Блажо Алексов“ во Кавадарци.

Од Министерство за внатрешни работи соопштија дека за него била распишана централна потерница од Казнено – поправната установа Затвор Идризово – Скопје кадешто имал за доиздржување уште една година и пет месеци.

Кавадарчанецот бил спроведен во казнено – поправната установа за доиздржување на казната.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.