Кавадарчанец платил но не добил работна виза за Англија

Објавено на 13 септември, 2022 во 10:54

Четириесет и две годишниот кавадарчанец пред два и пол месеци се договорил со скопјанец да му помогне при вадење и добивање на работна виза за Англија. Скопјанецот му побарал 28.600 денари и ги земал од кавадарчанецот веднаш по договорот. Но и по два и пол месеци лицето од Кавадарци не добило виза и не му биле вратени парите коишто ги дал за услугата.

Бидејќи се посомневал дека е измамен кавадарчанецот случајот го пријавил вчера, 12 септември, во Полициска станица Кавадарци.

Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека се работи на расчистување на случајот.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.