Кавадарчанец реновирајќи куќа пронашол стар експлозив скриен во ѕид
Објавено на 19 јуни, 2025 во 12:51

Триесет и девет годишниот Н.М. од Кавадарци додека изведувал реновирање на својот дом во внатрешноста на еден од ѕидовите пронашол 18 парчиња стар експлозив и две парчиња стар фитил.
Случајот веднаш бил пријавен во ОВР Кавадарци, на 18 јуни околу 20:40 часот, по што пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување излегол на лице место и безбедно ги подигнал пронајдените предмети.
Увид извршила и екипа од ОВР Кавадарци, а понатаму ќе се утврдува потеклото и староста на експлозивот.
Дума.мк
