Кавадарчанец со пиштол одзел пари од тобако, приведен и друг за закани со тврди предмети

Кавадарчанец е приведен откако со закана со пиштол одзел пари од дневниот промет во тобако, соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес. Оттаму објаснуваат дека случајот бил пријавен вчера, во 23:25 часот во Одделение за внатрешни работи Кавадарци и дека по пријавата известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Истиот ден, во 21:15 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишеле од слобода и четириесет годишниот З.Н од Кавадарци постапувајќи по претходна пријава дека се заканувал на седумдесет и шест годишниот кавадарчанец С.Ч и со тврди предмети удирал во влезната врата од неговата викенд куќа.
-Тој бил приведен во полициска станица, а потоа бил спроведен во здравствена установа.
Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде
поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Велес.
Дума.мк
