ВИДЕО: Македонија доби нов граѓански амбасадор
Се чувствував како да сум дома. Ми се допаѓаше гостопримливоста на кавадарчани, но и кавадаречката кујна.
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=NpwhiRZwDvM&feature=plcp|500|281|0{/youtube}
Од убавите јадење научив да подготвувам тавче гравче, ајвар, сарма од лозов лист. И сето тоа го забележав во мини кувар. Најмногу од се ми се допадна сармата подготвена од лозов лист, вели на течен македонски јазик , Кристин Мур, волонтер на Мировниот корпус. На заминување по тригодишниот престој во Кавадарци, Кристин за дума го раскажа своето искуство во Македонија.
“Уште од кога сум дојдена го говорам најдоброто за Македонија и тоа ќе остане така и откако ќе се вратам. За мене ова беше одлично искуство и ќе го пренесам. Кога пристигнав јас бев сместена во семејство каде требаше да ја научам културата и јазикот, еден начин на подготовка. Но, кога дојдов во Кавадарци тоа беше уште поголемо искуство за мене. Мојот најдраг спомен од тука ќе бидат луѓето за тоа колку тие беа гостопримливи и добри со мене и како се однесуваа кон мене во моменти кога јас бев далеку од моето семејство. И се разбира би сакала да се вратам макар на одмор, но доколку ми се укаже прилика би сакала да се вратам и за работа“
Кристин вели дека без разлика каде и да оди ќе знае дека може да се врати во Кавдарци и да се чувствува како дома. Задоволна е што Кавадарчани ја прифатиле како своја. Секогаш Кавадарци ќе го чувствува како град со големо срце. Таа пред заминување вети дека ќе биде граѓански амбасадор на Македонија во Америка.
Секој камен си тежи на своето родно место. Така и Кристин која иако е задоволна од престојт тука со нетрпение очекува да ги види своите седум браќа и една сестра.
“Имам една сестра и седум брака. Ќе научам бизнис.. Ке магистрирам за бизнис на факултет во Аризона“, рече Мур.
Во периодот од три години претстој во Македонија само еднаш си заминала во посета на својот дом, на 50 годишнината од бракот на нејзините родители. Првично нејзиниот ангажман во земјава бил две години, но по нејзино барања добила продолжување од уште една година.
„ Убаво си поминав овие три години и имам многу убави спомени и Кавадарци ќе биде во моето срце цело време“, рече Мур.
Криситн стекна многу пријатели во Кавадарци затоа и жали што си заминува од овде. Работеше во економскиот сектор на општина Кавадарци во делот на аплицирање на проекти, а во слободното време им држеше обуки на младите за нивно активно вклучување во општествените текови.