Со години се продава одморалиштето Михајлово!
Државата веќе подолго време се обидува да го продаде детското одморалиште Михајлово.
Министерството за труд и социјална политика како сопственик на ова одморалиште распиша нов оглас за продажба со почетна цена од близу 9,5 милиони денари, малку повисока од цената објавена на претходниот оглас. Лицитацијата е закажана за 24 декември оваа година.
Веќе подолго во Кавадарци се шпекулира со имињата на сопственикот, но со објавувањето на нов оглас сите шпекулации паѓаат во вода.
Предмет на продажба се сите објекти на “Михајлово“ и тоа павиљон со 56 м2 подрумски простор, приземје 310 м2, кат 352 м2, тераси 30 м2, поткровје 276 м2, кујна со трпезарија од 249 м2 и балкон од 64 м2.
Повеќе од десетина години ова детско одморалиште во кое летуваа многу генерации ученици од регионот е оставено на забот на времето. Веќе се видливи позначајни оштетувања на објектот, дворот, кујната. Нов сопственик никако да дојде и да го спречи уништувањето на објектот, кој секое лето беше полн со деца. Летувалците доаѓаа во повеќе смени за време на летниот распуст, а сега одамна овој простор е занемен, ја нема детската смеа и џагор. Младите генерации ја немаат можноста да ги почувствуваат благодетите од ова летувалиште кое важи за водушна бања.