Порака до возачите: “Брзо возење – подолг пат на сопирање“!
Возачи, неконтролираната брзина убива!
Ова беше главната порака што сообраќајната полиција им ја упати на возачите во пресрет на новогодишните празници. Заедно со Општинскиот совет за безбедност на патниот сообраќај во Кавадарци спроведоа акциска контрола и делеа чаши и маус падови со логото на советот и главната порака за внимателно учество во сообраќајот. Превентивната контрола се реализира на патот Кавадарци-Ресава кон Тиквешкото Езеро. Оваа локација беше избрана од причина што овде патот е нов и многу малку се внимава на сообраќајните правила и прописи.
“ Денешната акција е за да потсетиме дека возачите мора да ја прилагодат брзината бидејќи таа е главен виновник за многу несреќи. Летово на овој пат имавме и две жртви во сообраќајни несреќи. Редовно имаме акции за предупредување до возачите за да придонесеме за поголема безбедност.“ рече командирот на полициското одделение при кавадаречката полиција, Зоранчо Добринов.
Пред да одлучите со каква брзина ќе го управувате возилото, имајте на ум дека на многумина животите се во ваши раце. Брзото возење е особено опасно ноќе, стои во едукативнитефлаери што им беа поделени на возачите.