(Обновено) Опозицијата половина час го блокираше сообраќајот во Тиквешијата!
Kавадаречката опозиција го започна отпорот против власта.
Вечерва половина час стотина приврзаници на опозцицијата ја бликираа главната сообраќајница во центарот на градот. Сообраќајот поради блокадата беше пренасочен по споредни улици. За време на блокадта немаше инциденти. Се слушаа извиции “Лопови, лопови“.
Пред медиумите се обрати кандидатот за градоначалник на опозицијата за Кавадарци, Бетиан Китев. Рече дека се до петок од 18 до 18.30 часот ќе ја блокираат главната сообраќајница, а во сабота ќе излезат на протест пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје. Ги повика незадоволните земјоделци, стечајци, пензионери да им се приклучат на овие блокади.
“Македонија конечно и дефинитивно не е правна држава. Таа е партиска -политичка режимска држава. Тоа е вистината со која треба да се соочиме и да се бориме. Од вчера парламентот не е ништо друго освен испостава на владеачките партии. Тој за нас веќе не постои. Од денеска СДСМ со коалиционите партнери преоѓа на поинаков соодветен на карактерот на овој режим начин на дејсвување. Ќе подржуваме секаков вид на граѓански отпор. Само улицата е единствен начин на кој можеме да и одговориме на власта. Едно е да имате поразличен став од политичкиот противник, а друго е да го тепате противникот само затоа што размислува поинаку“ рече Китев.
На излезот и влезот во Неготино во близина на СРЦ Младост и бензинската пумпа Памела, опозицијата од Неготино постави 30 минутни блокади. За тоа време се создадоа долги редици од автомобили и нервозни возачи кои реагираа на ова,велејќи дека ова не е начин за барање на правата. Од СДСМ рекоа дека во услови кога во државата нема демократија тие се решиле на ваков чекор и така ќе биде се до петок.
“По вчерашните немили настани кои се случија во парламентот каде на најбрутален начин беше убиена демократијата,од вечерва започнуваме со блокади и тоа на главната ул. Маршал Тито а целта е желбата повторно кај нас да завладее демократијата.Никој не смее да стои над законот и уставот на РМ. Никој не смее да биде напаѓан, тепан и исфрлан од Собранието за поинаков начин на размислување,ја сакме назад демократијата“,рече кандидатката за градоначалник Силвана Филипова.
На блокадите покрај кандидатката за градоначалник на СДСМ за Неготино Силвана Филипова присуствуваа и бројни граѓани,активисти и симпатизери од опозицијата кои ги повикаа сте граѓани кои ги осудуваат ваквите постапки на власт да излезат да покажат дека не се плашат од уцени и закани. Блокадите траеја до 18 и 30 минути а потоа истите беа отстранети и сообраќајот продолжи нормално да се одвива.