(ВИДЕО) Новогодишна бајка во дворот на Варелови!
Доаѓа Нова Година, а дворот на семејството Варелови од Кавадарци повторно е претворен во новогодишна бајка.
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=roBvzVBim7Y{/youtube}Голема природна елка украсена со многу лампиони, новогодишни светилки, многу украси. Уште на почетокот на декември целото семејство е вклучено во украсувањето. Прават планови, измени од претходните години, се со цел да уживаат и самите во новогодишен амбиент но и да им дојдат гости кои ќе бидат задоволни, а секоја година имаат подароци за најмладите гости.
“Ми прави големо задоволство и мене и на мојата фамилија.Покрај за нас го правиме и за останатите. Секоја година поканувам дечиња да ги израдуваме со по некое новогодишно ќесе. Ова година ми е посебна. Славев 25 годишнина од бракот. Тоа се гледа и по срцето што сеуште е останато на базентот.“ рече Варелов.
Целото семејство беше возбудено. На гости годинава ги поканиле децата без родителска грижа од домот “11 октомври“ од Скопје. Нив ги пречекаа Дедо Мраз и Снежана. Им даруваа по едно ќесе, а дечињата се восхитуваа на прекрасниот амбиент. Од нивно име за поканата на Варелови се заблагодари директорката на домот која рече дека секоја година дечињата се дружат со хумани луѓе.
“Посебна чест и задоволство ни е да бидеме во овој крај, бидејќи децата треба да ни ја запознаат Македонија. Посебно вака хуманите луѓе кои од срце не пречекуваат. Многу емотивно ме дирна ова бидејќи е направено со свој сопствен вкус и замислата како да се дочекаат дечињата.“
Варелов вели иако требаат финансии за сето ова да изгледа вака сепак за него најважно е да ужива.
“Финансии секако дека се потребни за да се среди сето ова. Јас секогаш кажувам песничката Елко елко порасни уште две три педи. Незнам дали и на друго место, но кај мене елката е природна и секоја година расте по малку, така да секогаш е потребно да се докупи по некое лампионче, ламбички или било каков украс. Но сепак задоволството е најголемо без разлика на трошокот.“ рече овој кавадарчанец кој е меѓу ретките.
Домот на Варелови е отворен за секој добро намерник, за секое дете.
“Било кое дете и да дојде во куќата е добредојдено. Претежно се наши дечиња, од пријатели од роднини, дечиња на колеги на сопругата кај што работи. Ако не повеќе, ако не ќесе за секое дете барем по едно чоколадо ќе му дадеме. Сепак доволно е да се види ова во кое што секоја ден уживам јас и моето семејство“