Вооружен грабеж во златара сред бел ден!
Четворица разбојници утринава околу 9.20 извршиле вооружен грабеж во златарта МС голд во центарот на Кавадарци.
Нападнат е соптвеникот Сашко Коцев и е украден златен накит во вредност од околу 15 илјади евра.
“Додека ја редев витрината со накит надвор пред дуќанот застана кола. Испаднаа 3-4 со маски на главите. Влегоа во дуќанот извадија пиштоли.Јас почнав да излегувам, од дуќанот. Почнавме да се туркаме и да се бориме. Испаднав надвор, еден или двајца беа со мене надвор другите собираа , еден со кој се борев испука со пиштолот“ вака го опиша разбојништвото со кое утринава се соочил сопственикот на златарата Сашко Коцев. Тој во битката со разбојниците заработил и неколку повреди во пределот на главата.Бил удрен со рачката на пиштолот.
Увид изврши кавадаречката полиција. Беше пронајдена и една чаура од пукањето пред златарскиот дуќан. Наоколу можеше да се забележи искрешено стакло и траги од крв. Од снимката направена со безбедносните камери во дуќанот може да се види дека се одвивала вистинска драма. Целото семејство на Коцев беше потресено од овој разбојнички упад.
“Мислам дека едниот одразбојниците го знам.Оставам понатаму полицијата да си ја заврши работата. Има снимки од безбедносните камери. Се е снимено. Не е прв пат да се соочувам со кражби. Пред 2 години го скршија стаклото од излогот и ги украдија часовниците. Пред две недели влегоа од соседниот дуќан. Го дупнакле ѕидот и влегле во златарата. Таа дупка е соѕидана и единствено за да влезат е овој начин кога златарата работи“ рече Коцев кој видно револтиран побара полицијата работата да ја истера до крај и криминалците да бидат соодветно казнети. Разбојницте побегнале со пленот. Дел заминале со автомобил, а дел пеш.
Кавадаречката полиција го потврди случајот. Инспекторот Димитар Каракулев рече дека се работи за разбојништво. “На двајца од сторителите сопственикот им ги симнал фантом маските и им ги видел лицата. Полицијата ги препозна сторителите и превзема мерки за пронаоѓање “ рече Каракулев.
Очевидци на настанот раскажуваат дека тоа што го виделе наликувало на најстрашен криминалистички филм. Сите беа загрижени бидејќи разбојништвото се случи среде бел ден. Граѓаните прашуваат дали со ова е нарушена безбедноста во градот.