Обдукција ќе го утврдува идентитетот на човечкото тело во распаѓање, кај Шешково!
Објавено на 31 декември, 2012 во 15:47
Ловџии од Кавадарци го открија и го пријавија во полиција.
„Завршен е увидот кај кавадаречкото село Шешково и по наредба на истражен судија на Основниот суд во Велес човечкото тело во распаѓање е испратено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје,“ рече портпаролот на СВР Велес Ненко Александров.
Резултатите од обдукцијата треба да ги потврдат првичните претпоставки на полицијата дека станува збор за маж на возраст од 28 години кој пред шест месеци исчезна во близина на ова село, крај Тиквешко езеро.
Засега полицијата не открива детали. Телото во распаѓање, на 31 декември, го пронајдоа ловџии и тие ја пријавија случката во полиција.