Полицијата од денеска со нови возила!
Крајслерите на македонската полиција купени пред 12 години заминуваат во историја. Од денеска новите полициски возила“Шкода јети“ се распределени низ полициските станици во земјава.
Кавадаречката полиција попладнево се поднови со две нови возила. Се паркираа пред станицата каде се изврши и демонстрација на полициската сирена и ротациските светла.
“Ќе објавиме продажба на „крајслерите“ и ако има заинтересиран ќе може да ги купи. Но, одреден број од нив се уште се во солидна возна состојба и во МВР ќе се направи анализа колку од нив се уште можат да и служат на полицијата, а таа бројка, која не верувам дека ќе биде голема и понатаму ќе остане во функција на МВР, истакна министерката.
За илустрација, „крајслерите“ трошеле 16 литри бензин , а „јетите“ 6 литри дизел. Годишниот трошок за одржување за „крајслерите“ изнесувал 6 илјади евра, а за новите автомобили сервисот за првите 3 години е бесплатен.
Новите возила се во бела боја со ознаки на полицијата, а во цената е вклучено и тригодишнo бесплатно одржување (замена на гуми, масло, антифриз, филтри за воздух…). Согласно тендерската спецификација, предвидено е возилата да бидат со дизел мотор со зафатнина од 1.900 до 1.300 сантиметри кубни и со моќност од 110 до 140 киловати.