Иселеници ќе доаѓаат на гости во Кавадарци!
Кавадарчани добија повик од општината да ги отворат своите домови за да пречекаат и угостат македонски иселеници од дијаспората.
Ова е дел од програмата “Посети ја Македонија“ што се реализира на предлог на иселениците, а е наменета за иселеници од земјава, односно нивни потомци од трета и четврта генерација кои немаат свои блиски во Македонија.
Целта е младите иселеници да се запознаат со традицијата, обичаите, културата и современиот начин на живот во земјата од каде потекнуваат нивните претци и да се стимулираат контактите на младите од иселеништвото со младите од Македонија. Тоа ќе биде можност да ги зацврстат врските со својата татковина.
Иселениците – учесници на возраст од 18 до 28 години три недели ќе престојуваат во Република Македонија. Првите гости е планирано да пристигна на 15 јуни годинава. За време на престојот ќе бидат сместени во семејства-домаќини, а во општина Кавадарци ќе посетуваат пракса во домашни фирми и компании.
Семејствата-домаќини каде што ќе бидат сместени иселениците треба да обезбедат сместување и храна (без финансиски надомест), посебна соба во која ќе престојува иселеникот, да има лице од ист пол и на слична возраст со гостинот.
Локалната самоуправа овој проект ќе го реализира во соработка со Агенцијата за иселеништво на Република Македонија