Термичка изолација на училиштата и градинките во Кавадарци
Објавено на 8 јануари, 2013 во 12:23
Воспитно образовните институции во Кавадарци во текот на овој месец ќе добијат термо фасади со цел поголема енергетска ефикасност.
Со проектот кој општината го реализира заедно со Светска банка се опфатени две средни, две основни училишта и четири објекти од детската градинка “Рада Поцева„.
Проектот за воведување на мерки за енергетска ефикасност е вреден 21 милион денари. Половина од вкупната сума се средства од Светска банка, а останата половина се средства од општинскиот буџет.
Од општината велат дека во текот на овој месец ќе се завршат термо фасадите, а уште во неколку училишта ќе се работи на промена на покривната конструкција. Со тоа Кавадарци ќе биде меѓу првите општини каде целосно се реконструирани училиштата и градинките.