Доопремување и нови пожарникари очекува противпожарната единица од Кавадарци
Ново возило за интервенции во тесни улици и шумски предели и вработување на нови пожарникари. Ова се очекувањата на Командирот на Територијалната противпожарна станица од Кавадарци за годинава, со што би можеле поуспешно да се борат со пожарите.
Денеска кога се одбележува 20 мај – денот на пожарникарите, Илчо Богевски се надева дека до крајот на годината противпожарната единица ќе добие и нов објект, кој го вети актуелниот градоначалник во кампањата за локалните избори.
Богевски упати честики до сите пожарникари и им посака да имаат што помалку интервенции. Се осврна и на она што го работеле во изминатиот период. Споредено со 2011 година, кога интервенирале во 190 пожари, во 2012 бројот на пожари опаѓа и во нивната статистика биле евидентирани 175 пожари. Годинава, заклучно со денешниот ден, имале 52 интервенции, од кои 45 при пожар на отворен простор , 5 технички интервенции при потешки сообраќајни несреќи и 2 на отворен простор.
„Засега работиме со 14 пожарникари. Потребен ни е уште кадар. Веќе е изработен Деталниот урбанистички план за новиот објект во спортската сала „Јасмин“’ и очекуваме дека до крајот на годината ќе бидеме во нови простории.“ рече командирот на противпожарната единица Кавадарци.
Сооглед на тоа дека веќе започна горештините и постои поголем ризик од пожар,, Богевски апелираше до граѓаните ако приметат пожар да ја отстранат опасноста од ширење на пламените јазици, а веднаш да повикаат пожарникари на 193. / А.Д