Лозарите среќни што државата им ги зема лиценците на винариите неплаќачи!
Задоволни се лозарите од одлуката на наделжните институции за одземање на лиценците за работа на четири винарии кои не го плаќат купеното грозје навреме.
Лидерот на лозарите, Љупчо Аризанов нагласува дека визбите морале да го почитуваат законот за да градат успешна соработка со лозарите.
„Ние лозарите даваме максимална поддршка на активностите на надлежните државни органи кога се во прашање санкциите против винарите заради непочитување на законските решенија во областа на лозаровинарството. Винската мафија треба еднаш засекогаш да свати дека и дојде крајот и дека кој нема да плати за откупеното грозје нема да може и понатаму да се појавува во улога на откупувач“ рече Аризанов и информира дека лозарите веќе се во контакт со визбите со цел навреме да договорат откуп на нивниот род.
Производителите на грозје бараат институциите навреме да ги контролираат откупувачите на грозје за да не се повторат досегашните ситуации со донцнење на исплатата на грозје и по неколку години./ А.Д