Кризата проблем и за буџетот на Кавадарци!
Како резултат на глобалната криза со проблеми се соочува и општинската каса на Кавадарци. Градоначалникот, Александар Панов во емисијата „ТВ објектив“ на регионалната КТВ рече дека оваа година ќе била најлоша за буџетот.
Тој се пожали дека лошата буџетска кондиција ќе се одразела и врз комуналната изградба во општината.
“Оваа година е најлоша за буџетот на општина Кавадарци. Не поради изборите, туку поради глобалните проблеми кои ги создава кризата. Исто така проблем претставува и неработењето на рудникот од каде по основ на концесии се слеваа околу еден милион евра“ рече Панов и најави комунална изградба со смален интензитет.
„И покрај кризата ќе продолжиме да ја реализираме програмата за комунална изградба. Нема да изостануваат градежните активности. Поради изборите се доцни со распишувањето на тендерите за избор на фирми изведувачи, но сепак ќе се започне со комунална изградба. Годинава ќе се работи со смален интензитет, но повторно ќе имаме подобра комунална изградба во 2009 година.“ рече Панов./ А.Д