Познати радиотелеграфисти освоија сребрен и бронзен медел на меѓународно првенство во Бугарија!!

Објавено на 4 јуни, 2013 во 09:23

Дарко и Миле Трајкови од Кавадарци се татко и син, силно вљубени во радио телеграфијата кои често и носат успеси на својата земја. Од Балканското првенство што деновиве се одржа во Ловеч, Бугарија се вратија со сребрен и бронзен медал.

И двајцата покажаа дека умеат брзо да примаат и предават знаци од морзеовата азбука.

 

„Ни беше големо задоволство да настапуваме повторно во дресот на македонската репрезентација. Конкуренцијата беше силна. Имаше стотина натпреварувачи од Романија, Србија, Грција, Турција, Молдавија и Хрватска“ раскажуваат Трајкови.

Дарко го наследил талентот од својот татко, кој пак повторно се врати на натпреварите по повеќегодишна пауза. За Миле ова е прво балканско натпреварување. Вели дека повторно започнал да се натпреварува поради големата љубов кон радиотелеграфијата. Често пати со својот син се натпреварувале и дома.

“Горд сум што освоив бронезн медал, но уште погорд сум што мојот син и донесе сребрен медал на државата. Вежбањето и постојаното дружење со морзеовата азбука го дадоа очекуваното“ вели Миле.

Дарко во 2008 година беше европски првак во радиотелеграфија. На Европското првенство во брзо примање и предавање знаци од Морзеовата азбука, што се одржа во Порденоне, Италија, освои златен медал./ А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.