Спортот да не спои, да се поддржуваме и кога победуваме и кога губиме!

Објавено: 5 јуни, 2013, во 15:20 часот

Кожувчанка“ од Кавадарци како општествено одговорна компанија ги обезбеди спортските реквизити и безрезервно го поддржа денешниот настан во градот, „Спортски бон тон“.

Сопственикот на компанијата, Митко Јанчев рече дека со задоволство спонзорираат спортски случувања не само во Кавадарци, туку и во цела држава.

-Да уживаме во спортот. Споротот да го разбериме само како спорт, да спортуваме масовно  и да бидеме што покултурни за време на спортувањето. Да бидеме еднакви и да не се делиме меѓу себе“ – порача Јанчев до сите млади во земјава.

„Кожувчанка“ има широка лепеза на производи кои се наменети за децата и младите луѓе. Фирмата вложува во еколошки здрави производи, голем дел од нив, содржат витамини и минерали неопходни за правилен раст и развој на младите генерации./ A.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.