Кавадарци во рокенрол ритам!
Т`к так фест започна синоќа. Обедини многу љубители на рокенрол музиката од цела држава. До утринските часови траеше рок журката од првата фестивалска вечер на фудбалското игралиште од спортскиот центар „Јасмин“ во Кавадарци.
Фестивалот годинава се одржува по втор пат, а е во чест на починатиот рок музичар Трајко Каров.
Синоќа публиката ја размрдаа „Тоа е тоа“, Сале и С.Р.В бенд, БТ топ, Канго бенд, Камелеон, а легендарната “Токму така“ предводена од Љупчо –Бубо Каров имаше целовечерен концерт.
Втората вечер од Т`к так фест е со натпреварувачки карактер. Вечерва журката продолжува со настапот на „Ептен“, „Night Ride“, „Smoke Shakers“, „PM Band“, „Рок Банда“… Пред нив свој настап ќе имаат Ди Митров, Мелов и диџеј Були, а во периодот пред прогласување на победниците публиката ќе ужива во настапот на бендот „Визија“, за потоа паланчаните „Вертиго“ да го најават големиот концерт на ѕвездите на вечерта, македонската рок-атракција „Ареа“./ А.Д