Минов со Јакимовски!
Панчо Минов, поранешниот градоначалник на Кавадарци и неговата граѓанска опција за Кавадарци пристапија кон партијата на Стевчо Јакимовски.
Синоќа, во салата на Домот на културата “Гром“ одржа средба со кавадарчани на која присуствуваше Минов со најблиските соработници. Тогаш Минов ја соопшти одлуката за здружување како што рече поради тоа што партијата на Јакимовски не била ни лева ниту десна туку се залагала за граѓанските вредности.
– Кавадарци одамна е на маргините на централната власт иако располага со стопански ресурски вреден народ во лозаропроизводството и винскиот бизнис. Ќе се залагаме тоа да се промени, но најпрво мораме да станеме парламентарна партија, рече Минов.
На средбата со кавадарчани, Јакимовски рече дека „Гром“ првиот конгрес ќе го одржи во септември и тогаш ќе ја објави партиската програма.