Јакимовски: „ГРОМ нуди реално решение на проблемите“!
Со цел поголемо ниво на политчка култура во земјава и реално пристапување во решавањето на проблемите била формирана Граѓанската опција за Македонија ГРОМ, на Стевчо Јакимовски.
Тој во емисијата ТВ објектив на регионалната КТВ телевизија се осврна на позиционирањето на партијата и рече дека го избрале центарот како политчка опредлба од повеќе причини.
„Граѓаните треба да имаат поголем избор. ВМРО-ДПМНЕ не ги даде очекуваните резултати, СДСМ не се наметнува со соодветни решенија и како вистинска алтернатива на власта. Има простор за ново политичко делување. Во овој изминатиот период не само што добивав подршка од граѓани од мојата општина, добивав и добивам, од цела Македонија. Тие граѓани инсистираат успешната приказна од Карпош да ја преточиме и во земјава. Ќе се потрудиме да го подигнмеме нивото на политичка култура.“ рече Јакимовски и упати апел да се стави крај на кавгите и омразите.
Објаснувајќи зошто се одлучиле да делуваат од центарот, лидерот на ГРОМ нагласи дека патот на центарот бил и потежок, но нудел реално решавање на проблемите.
„Десно ориентираните секогаш продуцираат политики од патриотски национален карактер и тие се поприфатливи за грѓаните. Лево ориентираните се по популистички партии кои со своите политики носат популистички одлуки. Централниот дел од политчката сцена се партиите кои на сите проблеми не треба да им гледаат ни со срце, но ниту пак со попуилизам. Да ги гледааат проблемите реално со вистинска диоптрија, само тоа ќе значи перспектива за граѓаните“ рече Јакимовски.