Загадува ли и колку Фени Индустри?!
Претседателката на Советот на општина Кавадарци Горица Пеливанова Вилхелм деновиве на Фејзбук напиша дека во општината е зголемена бројката на лица заболени од малигни заболувања и упати сериозни критики до компанијата за никел Фени Индустри. Пеливанова укажа на зголемена бројка на лица од малигни заболувања во Кавадарци од просечно заболени 200 се искачила на 1266 граѓани.
Според Вилхелм неконтролираното загадување во Тиквешијата од фирми кои сакаат да профитираат на сметка на здравјето на граѓаните од ден на ден станува се поалармантно.
Дека од оџаците на топилницата „Фени“ излегува опасен чад кој доаѓа од согорување на рециклирани гуми што претпријатието ги користи како гориво во печките, претходно предупредија кавадаречките екологисти. Од еколошкото друштво “Еко-живот” од Кавадарци тврдат дека чадот е токсичен и штетен по здравјето на граѓаните.
Веднаш следеше реакција од раководството на Фени Индустри во која даваат објаснување според кое за користењето на гумите во производствениот процес напишаа дека било безбедно, како пракса се корисело во високоразвиените земји додека во Македонија оваа топилница за првпат ја вовела за што поседуваат бројни писмени докази. Од Фени тврдат дека имале поднесено барање за дозвола за топење на гумите кои ги користат како енегенс во производството. Објаснуваат дека нивните резултати од анализите што ги вршат во сертифицирана лабораторија покажале нула присуство на диоксини и фурани.
Токму поради ова од компанијата на Пеливанова Вилхелм и порачаа дека доколку сериозно е загрижена за здравјето на кавадарчани наместо да изнесува неосновани обвиненија целата своја енергија да ја насочи кон градската депонија Мелци која претставува вистинска еколошка опасност за кавадарчани а чии загадувања никој не ги мери иако се во надлежност на градските власти.
-„Вилхелм меѓу другото треба да се погрижи и за употребата на пестициди во заштита на земјоделските култури кои исто така се многу штетни по здравјето на луѓето“, и порачаа од Фени индустри на претседателката на советот на Кавадарци./Б.Н.Т