Еко будење на Кавадарци!

Објавено на 14 јуни, 2013 во 15:01

Во Кавадарци започна кампања за спас на градот од еколошки геноцид  насловена „Еко бон-тон“ . Неколкумина  поборници за почиста животна средина на своите профили на социјалните мрежи споделуваат апел за спас на градот од загадување.

„ Каде се зелените… Или случајно… кој и зошто досега не ги објавуваше резултатите од еколошката катастрофа“ се прашањата кои кружат, а се наведува и дека “граѓаните на Велес , сеуште ги чуствуваат последиците, Неготино ги  спречи, но Кавадарци за некоја година ќе го снема од еколошката карта“.

Поборниците за здрава и иста животна средина прашуваат што треба да му се случи на Кавадарци, за да се реагира и  како да се спречи еколошкиот геноцид? Дали економскиот профит е посилен и поважен од здравјето на граѓаните, зарем и средствата за заштита треба да заминат како профит,  наместо во вложувања за заштиита на животната средина. Зошто не се почитуваат светските стандарди и 20% од профитот да се насочи на заштита на животната средина, наместо да се изнесуваат од државата?

Луѓето кои го креваат гласот за чист град  се повикуваат и на повеќе законските одредби од кривичниот законик во делот на животната средина и природата, како и уставно загарантираното право за живот во здрава и чиста животна средина. Посочуваат дека со затворска казна од четири до десет години можат да се соочат сите кои го загадуваат воздухот, водата и поширокото подрачје и предизвикуваат  опасност по животот и здравјето на луѓето, а со несовесните постапки го уништуваат и животниот и растителниот свет.

Исто така дознаваме дека веќе било алармирано и јавното обвинителство за загадувањето на животната средина во Кавадарци./Б.Н

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.