Кавадарци се ослободува од азбестно-цементните цевки!

Објавено: 15 јуни, 2013, во 10:26 часот

Заминуваат во историја азбестно- цементните цевки кои носеа вода до домаќинствата во Кавадарци. Се започна со интензивна промена на истите,  со цел да се добие по квалитетно водоснабдување, но и санитарна вода со висок квалитет.

Во моментов се работи во ниската  зона во градот, а проектот е во вредност од 660 илјади евра. Средствата се обезбедени Германската КФВ банка, а градежните работи ги изведуваат „Градба Промет“ и ЦМЦ од Скопје.

Оваа година според прграмата на ЈП „Комуналец“планирана е  замена на  дополнителни шест километри од цементно-азбесните цефки со квалитетни полиетиленски цефки кои имаат рок на траење до 40 години./ А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.