И Црвен Крст Кавадарци во акција за намалување на последиците од топлотниот бран!
Подмладокот на Црвен Крст Кавадарци излезе на терен и им делеше минерална вода и флаери со едукативни содржини на граѓаните, за полесно да се заштитат од топлотниот бран.
Водата која им се давашае за освежување на кавадарчани е донација од „Кожувчанка“.
Претседателот на Црвен Крст Кавадарци, Димитар Каракулев најави дека вакви акции ќе бидат често реализирани ова лето, за да се освежат но и едуцираат граѓаните. Биле поделени над 20 пакети со минерална вода.
Случајните минувачи коментираа дека ваквиот потег треба да го следат и останатите институции, особено медицинските центри , за кои постарите велат дека е потребно да излезат со здравствени пунктови низ градот, барем во најжешките денови.
Во едукативните флаери на Црвен Крст се содржани пораки до граѓаните. Им се препорачува да избегнуваат подолг престој на отворено во периодот од 11 до 16 часот, да се носи лесна и светла облека, да се консумира лесна храна и течности, да се внимава на хигиената на рацете и начинот на подготовка на храната, а хронично болните лица редовно да ја земаат терапијата./ А.Д