Горештините ќе ги секнат чешмите во Кавадарци!
Горештините повторно ја зголемија потрошувачката на водата за пиење во кавадаречко. И годинава санитарната вода се користи покрај за пиење и за разладување на дворните површини. Кавадарчани се разладуваат со водата која доаѓа од водоводниот систем Лукар.
Поради тоа ЈП Комуналец започнува да применува редукција на водата. Во ноќните часови, посебно во периодот од еден до пет часот наутро во чешмите на кавадарчани ќе има вода, но ќе биде намален притисокот. Единствено граѓаните од повиските зони на градот и од висококатниците можно е во кратки интервали да остануваат целосно без вода.
Од организациона единица Водовод при Комуналец апелираат до граѓаните водата да ја користат рационално и да не се расфрлаат со неа. Најмалку со санирарната вода да се полеваат дворни површини или да се наводнуваат бавчи. Ќе следуваат ригорозни казни за сите кои нема да го почитуваат овој апел, а со недомаќинското трошење на водата ќе придонесат и за построги рестрикции./ А.Д