Жедните земјоделски култури ја голтаат водата од ХМС „Тиквеш“!

Објавено: 24 јуни, 2013, во 14:20 часот

Горештините ги примораа земјодеските производители да започнат со наводнување на земјоделските култури. Од Водостопанство Тиквеш рекоа дека е започнат шпицот во полевната сезона.

Каналите од хидромелиоративниот систем „Тиквеш“ се целосно полни, а земјоделците максимално ја користат водата. И годинава ќе се полеваат околу 8,5 илјади хектари земјоделска површина.

 

„Дојдовме до период кога сите зејоделски култури имаат потреба од вода за наводнување. На половина сме од наводнувачката сезона. Со добра организација ние и водните заедници успеваме да ги задоволиме потребите од вода на нашите водокорисници. Вода немаат само корисниците на вода од една водна заедница поради дефект на водоводната мрежа“ рече техничкиот директор на Водостопанство, Илија Темелковски./А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.