СДСМ: „Граѓаните на Кавадарци осиромашуваат, функционерите на ВМРО-ДПМНЕ си купуваат станови“

Објавено на 30 септември, 2016 во 11:14

Социјалдемократите од Кавадарци денеска обвинија дека функционери на ВМРО-ДПМНЕ  од овој  град си купувале станови во Скопје, додека граѓаните осиромашувале.

„Додека лозарите се соочуваат со најтешката година при откупот на грозјето и неизвесна е нивната егзистенција, затоа што родот им скапува на нивите. Додека работниците од Кавадарци и Тиквешијата работат во приватни и странски компании за едвај 9.000 денари, и тоа за викенд и празници. Претседавачката на Совет, Горица Пеливанова во анкетниот лист има пријавено  три стана во Скопје и два во Кавадарци во вредност од 536.000 евра. Според моменталната евиденција на Катастар, Пеливанова поседува два стана во Скопје и два стана во Кавадарци“ обвини претседателот на ОО на СДСМ Кавадарци, Зоран Ѓорѓиев.

Тој праша зошто Пеливанова не пријавила промена на имотната состојба со продажбата на станот во Скопје во вредност од 250 илјади евра.

Според социјалдемократите станови во главниот град на државата бил омилен начин на трупање на богатството на поединци од ВМРО-ДПМНЕ.

„Советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Златко Ташев станал сопственик на два стана од 2009-2016 година, во Кавадарци и Скопје. Становите се со вредност од над 80 илјади евра, пријавени на име на неговата сопруга.  Зошто Ташев неја пријавил промената на имотната состојба? – праша Ѓорѓиев.

Првиот човек на кавадаречките социјалдемократи рече дека државна комисија за спречување корупција има обврска да ја провери имотната состојба на овие лица и да превземе соодветни законски мерки.

„На 11 декември, граѓаните ќе им кажат збогум на корумпираните и истрошени политичари од ВМРО-ДПМНЕ и ќе изберат чесни, одговорни и способни луѓе кои што ќе донесат подобар живот за сите“ нагласи Ѓорѓиев.

A.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.