Jaнчев апелираше кавадарчани да бидат поодговорни и да ги почитуваат мерките за заштита од ковид 19
Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев на денешната 52, редовна седница на советот, упати апел до сите граѓани, максимално да ги почитуваат пропишаните превентивни мерки за заштита од ковид 19, бидејќи Кавадарци е на прво место по број на нови случаи, според бројот на жители.
„Апелирам граѓаните да бидат одговорни со дружбите и да ги почутуваат мерките. Дружбите на младите по викендици да бидат ограничени. Сето тоа за да ги заштитиме нашите најблиски. Многу пациенти од Кавадарци се на лекување на скопските клиники поради проблеми со ковид 19.“ рече Јанчев.
Тој информира дека изградбата на модуларната ковид болница во Кавадарци е во завршна фаза. Во моментот се работело на инсталацијата за централен довод на кислород, што е донација од фондацијата „Никола Јанчев“./A.Д