Во Кавадарци ќе се формира доброволно противпожарно друштво (видео)
Советот на oпштина Кавадарци на вчерашната седница седница донесе одлука за основање на доброволно против пожарно друштво кое ќе го носи името на загинатиот војник при распадот на СФРЈ Сашко Гешовски. Друштвото ќе се формира по иницијатива на градоначалникот Митко Јанчев.
Тој пред советниците појасни дека во друштвото ќе се членува доброволно, а членовите ќе помагаат во случај на елементарни непогоди, под командна одговорност на против пожарната единица.
Овие волонтери ќе имаат обуки од страна на ТППЕ Кавадарци, а претседател на друштвото ќе биде актуелниот командир на кавадаречката противпожарна единица Александар Чадамов. Јавна презентација на друштвото ќе има на 6 мај, денот на загинување на Сашко Гешовски./A.Д
