Четири нови автобуси за јавниот превоз во Кавадарци (видео)

Објавено: 29 декември, 2022, во 15:44 часот
Јавното претпријатие за почеток ќе располага со осум возила

Јавниот градски превоз во Кавадарци станува реалност. Денеска беа претставени четири нови автобуси кои со постоечките четири, кои ги има општина Кавадарци,  ќе извршуваат градски и приградски превоз.

Градоначалникот Митко Јанчев и претседателот на советот д-р Стојанчо Рамов изразија задоволство од тоа што се реализира во општината еден нов проект кој ќе им овозможи на кавадарчани безбедно патување по ниски цени. Половина од цената на билетот е субвенционирана од општинската каса.

А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.