Жртвите на семејно насилство се охрабруваат да пријават и да побараат поддршка (видео)
Објавено на 7 декември, 2022 во 16:06
Семејно насилство во Тиквешијата има, но се почесто жртвите се одлучуваат да побараат поддршка од советувалиштниот центар, кој веќе три месеци работи во Кавадарци, а е поддржан од општините во тиквешкиот регион.
Денеска беа претставени разултатите од направена анализа за состојбата со обезбедувањето на одржливи услуги за помош и поддршка на жени жртви на родово базирано и семејно насилство.
„Основна задача на истражувањето е да понуди препораки, со цел унапредување на системот за заштита, поддршка и помош на жените жртви на родово базирано и семејно насилство во дел о д Вардарскиот плански регион, преку воспоставување на специјализирани сервиси“ – вели претседателката на здружението „Визија“ Благица Коцева-Тодоров.
Ангел Данов