Кавадаречките полициски службеници асистирале при откриена кражба на струја и откриле оружје, без дозвола, во викендица на Тиквешко Езеро
ЕВН Македонија, вчера, во 10:45 часот, пријавила кражба на електрична енергија на улица „Клинска“ во Кавадарци и побарала од Одделението за внатрешни работи во Кавадарци полициска асистенција. Полициски службеници од увидна екипа заедно екипа на ЕВН биле на лице место и констатирале дека од страна на непознати лица со повеќе кабли директно од бетонски столб на електричната мрежа, без мерен уред, биле поврзани неколку куќи.
Три дена претходно, во 14 часот, по претходно издадена наредба од Основен суд Кавадарци, одстрана на полициски службеници на истото полициско одделение на Сектор за внатрешни работи Велес бил извршен претрес и во викендица на Тиквешко езеро во сопственост на С.П.(45) од Кавадарци.
При претресот во викендицата била пронајдена и одземена малокалибарска пушка марка „Брно-мод 2“ и општички нишан „Гамо“ кој С.П ги поседувал без соодветна дозвола, по што тој бил лишен од слобода.
-Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на СВР Велес.
Дума.мк