Казнети 21 пешаци на подрачјето на СВР Велес
Објавено: 14 април, 2022, во 13:09 часот
На подрачјето на Сектор за внатрешни работи Велес, во текот на вчерашниот ден, била спроведена акциска контрола за санкционирање на прекршоци коишто ги прават пешаците.
-Во период од 11:00 до 16:00 часот биле констатирани и санкционирани 21 прекршок. Од нив 10 во Велес, девет во Кавадарци и два во Неготино, пишува во дневниот билтен на Министерство за внатрешни работи.
Стефани Манева


