Казнети 25 велешани за брзо возење
Објавено на 9 декември, 2021 во 10:59
На подрачјето на Сектор за внатрешни работи Велес, во текот на вчерашниот ден, од 08:00 до 14:00 часот била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната.
За време на шест часовната акциска контрола, полициските службеници регистрирале и санкционирале 50 возачи од кои 25 во Велес, 11 во Кавадарци и 14 во Неготино.
Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.
Стефани Манева