Казнети 42 возачи на мотоцикли на територија на СВР Велес
Објавено на 4 јули, 2022 во 12:33
На територија на Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, била спроведена шест часовна акциска контрола за санкционирање на прекршоци коишто ги прават возачите на мотоцикли. За време на акцијата биле санкционирани 42 возачи.
– Од нив, 26 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 10 возеле без возачка дозвола, три мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци, пишува во соопштението на Министерство за внатрешни работи Велес.
Акциските контроли ќе продолжат и во наредниот период, се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата за побезбеден сообраќај.
Стефани Манева