Казни за 47 мотоциклисти на подрачјето на СВР Велес
Објавено на 24 јуни, 2022 во 09:33
Полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, спроведиле шест часовна акциска контрола за прекршоци коишто ги рават мотоциклистите. Од 12:00 до 18:00 часот биле откриени и санкционирани 47 прекроци.
-Од вкупниот број на прекршоци 27 биле направени во Велес, 13 во Кавадарци и седум во Неготино. Најголемиот број од прекршоците (33) се однесувале на некористење на заштитна кацига, соопштија од Министерство за внатрешни работи.
Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Стефани Манева