Ќе се интензивира изградбата на Подземна катна гаража во Велес

Објавено: 25 август, 2026, во 16:28 часот

Долгогодишниот проблем со паркинг места во централното градско подрачје во Велес ќе биде решен откако ќе заврши градбата на подземната катна гаража. Објектот е на површина од 1.508 метри квадратни и ќе биде длабок 13 метри. Влезот во Подземна катна гаража е од улица „Гоце Делчев“.

Ископот е веќе завршен , направени се шиповите, сега следува втората фаза со која ќе се финализира изградбата на гражата. Овој инфраструктурен капитален објект ќе биде на три нивоа, со капацитет за околу 100 паркинг места.

Изградбата на Подземна гаража во Велес чини 131 милион денари, (2,1 милиони евра) средства обезбедени преку Министерството за локална самоуправа од унгарскиот кредит.

Дијана Иванова

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.