Кларинет рецитал на Ѓоревски во пијано придружба на Атанасовска Ивановска изведен во Ликовен салон Велес
Објавено: 19 мај, 2026, во 10:41 часот
Програмата на солистичкиот концерт, кларинет рецитал на Ристо Ѓоревски во пијано придружба на Елена Атанасовска Ивановска беше составена од различни дела наменети за различи вкусови на публиката. Почитувачите на овој вид на уметност имаа можност да слушаа македонски класични дела од Благој Цанев и македонски обработки на фолклорни теми од Дамир Имери. Следеше изведба на дела на светсите класици како што се Астор Пјацола и Клод Дебиси како и дела од Михал Бергсон и Бела Ковач. Исто така Ѓоревски и Атанасовска Ивановска изведоа омажи со еврејски призвук на Штраус, на Росини и на Алефом.
-Благодарение на поддршката на Министерството за култура и туризам вакви концерти освен во Скопје може да проследи и публиката во Велес и градовите во Македонија. Јас првпат одржав солистички концерт во Велес. Претходно сум настапувал заедно со колегите од Македонската филхармонија, рече Ѓорревски.
Тој е каринетист со светско реноме додека пијанистката Елена Атанасовска Ивановска е една од најдобрите македонски пијанистки која што, исто така, има врвни настапи на светската музичка сцена.
Убавка Јаневска


