„Клиника за родители“ се одржа во Велес (видео и фото)
Објавено: 22 мај, 2026, во 14:06 часот
„Клиника за родители“ на која што беа споделени информации за предностите на државното средно стручно и дуално образование од страна на Коалиција на младински организации „СЕГА“ и ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ за заинтересирани родители на деветоодделенци во Велес беше одржана во Јуроп Хаус Велес. Под менторство на Фондација за локален развој и демократија „Фокус“ оваа Клиника за родители беше дел од проектот „Образование за вработување“ на Коалиција СЕГА поддржан од Хелветас.

Зоран Илиески, извршен директор на Коалиција СЕГА пред присутните родители ја соопшти мотивацијата да реализираат проект со партнерот ХЕЛВЕТАС во кој што, за прв пат во државата, ученици кој учат во стручно училиште информираа деветоодделенци за стручно образование и за дуални паралелки во Општина Велес и во уште три други општини во државата. дадена им е можност да едуцираат деветоодделенци на врснички едукатори. Тој соопшти дека е задоволен од мотивираноста, посветеноста и резултатите на младите едукатори, обучени од Коалиција СЕГА, и се обрати кон присутните појаснувајќи ги целите поточно предностите на стручното и дуално образование потенцирајќи дека се дел и од државната образовна стратегија за подигнување на квалитетот на образовниот процес од една и од друга страна создавање на квалитетен и стручен млад кадар кој што е подготвен да се вклучи на пазарот на труд во Македонија, веднаш по завршување на средното образование. Исто така, Илиевски, се осврна и на предностите кои стојат на располагање на учениците со завршено средно стручно образование при упис на високо образовните институции истовремено пластично појаснувајќи на присутните родители зошто не треба да се колебаат при одлуката своите деца да ги запишат во средни стручни училиштва.
Директорот Горан Богоевски го сподели своето долгогодишно професорско искуство во ДСУ РЦСОО Коле Неделковски и од позиција на директор ги потенцираше предностите на струките во учебната 2026/2027 како и можноста за запишување во дуалните паралелки. Тој наброја примери на воспоставени соработки со компании – партнери во кои учениците изведуваат пракса, за што добиваат месечна државна стипендија додека избраните за изведување на феријална пракса се парично наградувани од компаниите. Родителите добија конкретни информации и за образовниот процес во ова средно стручно училиште, кабинетите, машинската работилница, пекарската кујна како и за стручниот профил на професори кои го пренесува знаењето на учениците.

Во дебатата на „Клиника за родители“ родителка сподели информации за големата потреба од стручен кадар, електро и машински техничари, на компанијата во која што работи и е странска инвестиција во скопска индустриска зона. Исто така и дообјаснување за нејзиниот син, деветооделенец, кој одлучил да се запише во смер Техничар за индустриска мехатроника што неа не и беше доволно јасен како профил. И одговорија директорт Богоевски и професорката Кристина Трајкова од ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ со сите поединости на образованието и потоа работното ангажирање.

Во дебатата околу вистинскиот избор на смерот за детето деветоодделенец и продолжување во средно образование се вклучи и проф. Маја Панова од ОСУ „Јовче Тесличков“ од Велес која зборувајќи за предметите од секторот економија, право и трговија, кои ги предава, сподели искуства за кои што рече дека се преубави затоа што се плод на поврзаност на учениците, родителите, наставниците, училиштата, бизнис заедницата и МОН кои создаваат целина особено во делот на чувството на учениците за работната средина. Независно дали станува збор за во институции, бизнис заедница, компанија овие ученици се образуваат на часови кои преставуваат 1/3 додека останатите се посветени на „учење преку работа“. Таа за предност го посочи изборот на модулите со различни правци за специјализација и почитување на правото на избор на работната средина.

Своите искуства со присутните родители ги споделија и врсничките едукатори Борјан Бузалковски, Анѓела Колодезни, Матеа Христова и Кристијан Димовски, ученици во II година, на „Коле Неделковски“ и обучени од Коалиција СЕГА.
Што тие можеле порано а што сега и што ќе поседуваат како компетенции и квалификации со завршување на четиригодишното средно стручно образование, беа насоките на искажувањата на врсничките едукатори, кои ги содржи и видео спот.
Претходно врсничките едукатори одржаа четири обуки во сите основни училишта во Велес каде на вкупно 100 деветооделенци низ интересен пристап, креативни игри и квизови им дадоа основни информации за средното стручно образование.
Нив Коалиција СЕГА ги награди со дипломи за врснички едукатори и со подароци.
„Клиниката за родители“ заврши со дружење на родителите, учениците, директорот и професорките кои низ разговор во Јуроп Хаус Велес разменуваа искуства и делеа совети.
Убавка Јаневска


