Книгата патува од Велес низ светот, прекуокеанската далечина не е пречка за другарство без граници (фото)

Објавено: 5 септември, 2025, во 09:13 часот

На иницијатива на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ од Велес, во соработка со локалната библиотека „Гоце Делчев“ и Литературната асоцијација „Кочо Рацин“ од Мелбурн, Австралија, се спроведе активност за обезбедување на детска литература од македонски автори, за потребите на наставниците кои работат со дечињата кои го изучуваат македонскиот јазик во саботното училиште во Килор Деонс во Мелбурн.

-Во акцијата ни се приклучија деца со родители и ученици од различни возрасти, кои ги пакуваа книгите донирани од велешкиот Клуб и библиотеката, за другарчиња од Мелбурн. Македонскиот мајчин јазик е најубавиот  јазик каде и да сме, затоа треба да се сака и изучува уште од најмала возраст. Искрено се надеваме дека едукативната детска литература ќе придонесе за полесно изучување на македонскиот јазик и ќе донесе нови познанства и другарства меѓу децата од Велес и децата на нашите иселеници во Мелбурн,“ рече Соња Гаврилова која е член на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ од Велес.

Велешките писатели порачаа дека книгата, најдрагоцениот извор на знаење посакуваат да ги отвори патиштата до македонските срца на сите континенти на земјината топка и додадоа дека оваа акција посакуваат да биде патоказот за идни патешествија и благородни и хумани акции.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.