Кои се 11 ученици, добитници на наградите на литературниот конкурс „Мојот јазик – тоа сум јас“ (фото)
Со доделување на награди на распишан литературен конкурс на тема: „ Мојот јазик – тоа сум јас“ и работилница посветена на превод на реченица „Јазикот е индентитетот на секој народ “ денеска во Велес беше одбележан 21 Февруари – Денот на мајчиниот јазик. Организатори на настанот беа Младински центар Велес и Локална библиотека „Гоце Делчев“.
Додека ученици од основните и средните училишта од Македонски ја преведоа на осум различни јазици реченицата „Јазикот е индентитетот на секој народ “ што ја организираше ЛБ„Гоце Делчев“. Во име на жири комисијата составена од Снежана Бошевска, директор на ЛГ„Гоце Делчев“ заедно со професорките по македонски јазик, Лили Арсова и Магдалена Сарагинова, резултатите ги соопшти Бошевска. Таа и Арсова им ги врачија наградите на учениците од основните и средните училишта во Велес.
Во категорија ученици од III до VI oдделение наградени се:
Ведрана Тодоровска (прва награда) – IV-6, OOУ ,,Св.Кирил и Методиј, ментор проф. Сузана Павловска
Бисера Чучуковска (втора награда) – III-4, ООУ ,,Блаже Конески”, ментори проф. Благородна Јосимовска и проф. Александра Мишкова
Никола Јордановски – III-1 (трета награда) – ООУ ,,Блаже Конески” – ментори проф. Орданка Петковска , проф. Лидија Атанасовска
Во категорија ученици од VII до IX oдделение наградите ги добија:
Изабела Димков – VII-4 (прва награда) – ООУ,,Васил Главинов” , ментор проф. Каролина Попова
Георгина Димовска IX-2 (втора награда) – ООУ ,,Васил Главинов”, ментор проф. Василка Палитова
Миа Несторова IX-1 (трета награда) – ООУ ,,Васил Главинов”, ментор проф. Василка Палитова
Во категорија на ученици во средно образование за литературниот жанр поезија наградите ги освоија:
Виолета Влахчева (прва награда) – ССОУ ,,Коле Неделковски”, I-6 клас, ментор проф. Ивана Јанушева
Ана Јосифовска (втора награда) – ССОУ ,,Димитрија Чуповски”, II-1 клас. проф. Верица Николова
Милена Димова (трета награда) – СОУ ,,Гимназија Кочо Рацин” II-3 клас, ментор проф. Магдалена Сарагинова
Во категорија на ученици во средно образование за литературниот жанр проза наградени се:
Jана Пљокова (прва награда) – СОУ ,,Гимназија Кочо Рацин”
Наумина Стоилковска (втора награда) – ССОУ ,,Димитрија Чуповски”, II-1 клас, ментор проф. Верица Николова
На првиот литературен конкурс на Младински центар Велес вкупно пристигнаа 35 творби на ученици во Велес а беа доделени 11 награди. Наградите се состоеа од дипломи и книги донирани од Агенција за млади и спорт.
Младински центар Велес обезбеди благодарници за сите учесници на литературниот конкурс. Младинскиот работник Ивана Јордева најави, наскоро, нов конкурс за млади талентирани ликовни уметници во училиштата во општина Велес.
Стефани Манева