Коки: „Денес сите некаде брзаме, дури и оние коишто воопшто немаат поим…каде одат“
Објавено: 1 септември, 2025, во 07:18 часот
Понеделнички и првосептемвриски афористичарот Никола Бошковски Коки со осум нови афоризми за заедницата на читатели на Дума.мк:
„Учебната година започна: По извесно време професорите ќе започнат да ЗАВЕДУВААТ оценки, а некои, пак…УЧЕНИЧКИ“.
„Тешко е денес предизборно да се бара, а уште потешко в иднина да се очекува коректност и пристојност во меѓусебното однесување на политичките опоненти“.
„Денес сите некаде брзаме, дури и оние коишто воопшто немаат поим…КАДЕ ОДАТ“.
„Најлесно е денес да бидеш владин портпарол или партиски гласноговорник, можеш да тресеш ЗЕЛЕНИ колку што ќе посакаш“.
„Ако цениме според накитот, тогаш за некои домаќинки можеме да речеме дека навистина имаат…ЗЛАТНИ РАЦЕ“.
„На љубовната средба девојката нема причини честопати да погледнува во часовникот, штом партнерот ќе започне да ги откопчува пантолоните, веќе се знае колку е часот“.
„Искреноста денес е најскап луксуз, затоа таа е толку ретка“.
„Многуте спортски екипи своите подготовки ги обавуваат во познатите туристички центри, за да научат од келнерите како на гостите им се зема мерка“.
Вашиот КОКИ

