Коки: „НЕПОТИЗАМ? Тоа е нашата воспоставена семејна традиција за успех“
Објавено: 17 ноември, 2025, во 11:30 часот
Афористичарот Никола Бошков ги напиша новите осум афоризми за читателската заедница на Дума.мк. Инспирацијата и овој пат не му одзеде многу време бидејќи повод е секојдневниот живот на малиот, обичен човек, кој доколку не забележал тогаш може да прочита:
„Најтешката животна патека несомнено е онаа, што ја изодуваме без насмевка.“
„Политичарите од политичкиот врв, катадневно ни ветуваат подобра иднина, но откако сегашноста ни ја земаа.“
„Македонија е мала држава, но со голема толеранција кон големите лаги.“
„НЕПОТИЗАМ? Тоа е нашата воспоставена семејна традиција за успех.“
„Работниот век не е толку тежок, само што тој трае цел живот.“
„Љубовта не прашува каде одиш, таа оди со тебе.“
„Многу жени ја посакуваат власта во своите раце, иако нив мажите најмногу ги ценат според нозете.“
„Некои самобендисани и наконтени Дами, постојано ги менуваат фризурите, па отаде и недоумицата : Кој ги „средува” ? (П.С. мене најсомнителен ми е Стојче – Цоле берберот)
Афористички поздрав за успешна работна недела,
од вашиот, Коки


