Kоки: „Политичкиот брод тоне, затоа што на бродот се наоѓаат многу повеќе капетани, од морнари!“

Објавено: 29 декември, 2025, во 09:19 часот

Во деветте последни афоризми, за годинава, на афористичарот Никола Бошков Коки под опсервација подлежат политичарите, нивните одлуки од кои зависи секојдневието и животот на граѓаните како и љубовта со „институцијата брак“. Еве што наостреното афористичко перо на Коки напиша:

„Политиката спојува интереси, ама…дели луѓе!“

„Политичарите ни ветија светла иднина. Сега за светлината што ни ја понудија, ќе плаќаме повисоки сметки за потрошената електрична енергија.“

„Политичкиот брод тоне, затоа што на бродот се наоѓаат многу повеќе капетани, од морнари!“

„Животот е серија – секој ден нови епизоди, без реприза.“

„Вистинската љубов не бара совршеност, туку само искреност.“

„Бракот е договор во кој љубовта е мотивација, а трпението гаранција.“

„Во бракот компромисот значи, двајцата да се сложат дека жената секогаш е во право !“

„Домот е мала Држава, во која љубовта е единствениот Устав.“

„Не постои идеален брак, постојат само идеални моменти во него.“

Драги мои и постојани читатели на Дума.мк, откако ги прочитавте афоризмите кои ги напишав изминатава седмица, сакам да Ви ги честитам претстојните новогодишни празници и да Ви упатам најискрено: „Вашите желби да станат реалност во годината што доаѓа.“ Брзо заборавете ја 2025-та ако не Ви донесе ништо или многу малку од очекуваното! И второ, бидете здрави, живи и сите на број!! Продолжуваме заедно и во 2026 -та, јас со моите афористички гледања на Вашиот, на мојот живот, којшто не зависи само од Вас и од мене а Вие со читање и допишување ама и со размислување од кое ќе извлечеме поука, од напишаните афоризми!

Вашиот, КОКИ

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.