Колев: Реконструкцијата на Противпожарниот дом започнува деновиве

Објавено: 10 февруари, 2026, во 15:32 часот

Ќе се реконструира зградата на Територијалната против пожарна единица во Велес на улица: „Моша Пијаде“. По 31 година од формирање и ставање во употреба на објектот, во кој се сместени велешките пожарникари, деновиве, за прв пат ќе се реконструира. Реконструкцијата ќе започне од големата зграда, поделена на два дела, во која еден дел служи за потребата на 30 пожарникари од простор за престој, одмор и канцеларии додека вториот е гаражата за противпожарните возила и магацинот.

Фото: Градоначалник Марко Колев и командир Димче Јовановски

– Ефикасното, ефективно и навремено извршување на работните задачи на пожарникарите во голема мера зависи од условите и опремата со која располагаат, поради што ќе се изврши целосна реконструкција на противпожарниот дом, помошниот објект и партер просторот, со цел обезбедување на поголема функционалност и подготвеност. Финансиските средства се обезбедени во соработка со Владата на Република Македонија и Министерството за транспорт, соопшти градоначалникот Марко Колев.

Фото: Помал објект во комплексот на Противпожарен дом Велес

Прво реконструкцијата ќе го опфати големиот објект и штом се пресели Управа за издавање на лични документи на МВР ќе продолжи со помалиот објект, во кој засега е сместена оваа државна институција. И овој помал објект ќе биде наменет за потребите на пожарникарите.  

Реализацијата на оваа капитална инвестиција е предвидена во времетраење од 9 до 12 месеци и чини вкупно 25 милиони и 500 илјади денари со ДДВ. Тендерот го доби градежната фирма „Изгрев“ од Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.